среда, 11 март 2026
Дури 21 фудбалер го напушти „Стемфорд Бриџ“

Челси ова лето буквално се раздели со цел еден тим и прибра фантастични 330 милиони евра

„Сините“ се клубот кој ова лето најмногу заработи од продажби, од „Стемфорд Бриџ“ си заминаа дури 21 фудбалер, но не и Рахим Стерлинг, кој е најплатен со примања од околу 300.000 фунти неделно.

Објавено на

часот

Сподели

Откако Тод Боли го презеде клубот од Роман Абрамович, Челси троши како никој друг, па „сините“ имаат голем вишок на играчи.

Ова лето од „Стемфорд Бриџ“ си заминаа дури 21 фудбалер, а „сините“ се клубот кој заработија најмногу од продажби – околу 332 милиони евра.

На списокот за отстрел ова лето беа: Нони Мадуеке, Кристофер Нкунку, Жоао Феликс, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кирнан Дусбури Хол, Ренато Веига, Армандо Броја, Карни Чуквуемека, Николас Џексон, Матис Амуну, Башир Хамфрис, Кепа Аризабалага, Маркус Бетинели, Алфи Гилхрист, Бен Чичлев, Лукас Бергстром, Мамаду Сар, Мајк Пендерс, Кендри Паез и Арон Анселмино.

Но Челси не успеа да го „откачи“ фудбалерот со најголема плата – Рахим Стерлинг.

Англичанецот има неделни примања од 300.000 фунти, и речиси сигурно ќе дреме на трибини до јануари, а на сметка ќе му легнуваат милиони.

Трансфер пазарот во Турција се уште е отворен, но во моментов нема најави за еден ваков трансфер.

ФОТО: X/Chelsea FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ