Како што се наведува, двете страни постигнале договор за разделба по сериозните тензија. Одлуката е конечна, а клубот и официјално соопшти дека Мареска ја напушта должноста.
Раководството на Челси веднаш ќе започне со процесот на избор на нов менаџер, со цел стабилизирање на тимот и насочување кон подобри резултати во продолжението од сезоната.
Мареска го напушта „Стемфорд Бриџ“ по краток и турбулентен мандат, обележан со резултатски проблеми и нарушени односи со клупската управа, што на крајот доведе до предвремена разделба, иако имаше договор до 2029 година.






