сабота, 12 јули 2025
„Сините“ изминатиов викенд завршија голема работа на трансфер пазарот

Челси ќе биде уште посилен во САД, Мареска добива засилување од 60 милиони за продолжението на СКП

Челси ќе биде посилен на Светското клупско првенство во САД за Жоао Педро, напаѓачот во следните 48 часа ќе го комплетира трансферот вреден околу 60 милиони фунти и веднаш ќе му се стави на располагање на Енцо Мареска.

Објавено на

часот

Сподели

Челси изминатиов викенд заврши голема работа на трансфер пазарот, ги договори Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд и Жоао Педро од Брајтон.

Бразилецот ќе биде засилување за „сините“ уште на Светското клупско првенство, тој во следните 48 часа ќе го комплетира трансферот вреден околу 60 милиони фунти сосе бонуси и веднаш ќе му се стави на располагање на Енцо Мареска во САД.

Правилата дозволуваат да бидат вметнати нови играчи од 27. јуни до 3. јули, па Челси ќе може да смета на Жоао Педро веќе против Палмеирас во петок.

Џејми Гитенс веќе играше на СПК во дресот на Борусија Дортмунд, па тој нема да може да им помогне на „сините“ во четвртфиналето, и евентуалното полуфинале и финале.

ФОТО: X/Chelsea FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ