понеделник, 26 мај 2025

Челси и Бетис ќе играат историско финале (ВИДЕО)

Челси и Бетис ќе ги одмерат силите во финалето во Конференциска игра, натпреварот во Полска ќе биде историски без разлика кој ќе слави на крајот.

Објавено на

часот

Сподели

Челси ќе се обиде да стане првиот клуб кој триумфирал во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига.

Избраниците на Мареска вечерва рутински со 1-0 го добија реваншот против Ѓургарден и со вкупни 5-1 го чекираа билетот за Полска и финалето во Конференциска лига на 28. мај.

Противник на „сините“ ќе им биде Бетис, кој се избори за 2-2 на гостувањето во Фиренца, па со вкупни 4-3 се најде во финале.

За „зелено-белите“ ова е прво финале во клупската историја долга 117 години, па триумф во Вроцлав ќе значи и историски трофеј во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ