петок, 13 март 2026

Челси го „врза“ капитенот со договор до 2032 година

Фудбалскиот клуб Челси заврши огромна работа и во своите редови ќе го задржи својот капитен Рис Џејмс.

Објавено на

часот

Сподели

26-годишниот десен бек ја продолжи соработката со клубот до 2032 година, односно на уште четири години повеќе од претходниот договор кој траеше до 2028. Џејмс е дете на клубот, потекнува од академијата и веќе две децении е дел од „сините“.

Со одличните партии Рис Џејмс се етаблира во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата, ја доби капитенската лента и е меѓу омилените играчи на навивачите.

За првиот тим на Челси во кариерата Џејмс веќе има 225 натпревари, постигна 16 гола и забележа 31 асистенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ