сабота, 21 јуни 2025

Челси го совлада Бетис за титула во Конференциска Лига и испишување нова историја (ВИДЕО)

Челси се радува на титула во Конференциска лига, „сините“ со пресврт во второто полувреме славеа против Бетис со 1-4 во финалето во Вроцлав.

Објавено на

часот

Сподели

Челси може да се пофали дека е единствениот клуб кој триумфирал во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциска Лига.

Избраниците на Енцо Мареска вечерва во финалето во Вроцлав го совладаа Бетис со голем пресврт во второто полувреме.

Клубот од Шпанија поведе рано, Езалзули на асистенција на Иско реализираше за 1-0 во 9. минута.

Но во продолжението од мечот на теренот како да имаше само еден тим, Челси постигна дури четири погодоци.

Фернандез изедначи на 1-1 во 65. минута, а само пет минути подоцна Џексон донесе 1-2 и целосен пресврт.

До крајот на натпреварот Санчо погоди за 1-3, а конечните 1-4 беа дело на Каиседо во првата минута од судиското надополнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ