Локалното дерби помеѓу Челси и Фулхам заврши со победа на домаќините, момците на Мареска победија со 2-0.
Резултатот беше отворен длабоко во судиското надополнување на првиот дел, по еден корнер, Жоао Педро најдобро се снајде и со глава ја затресе мрежата.
„Сините“ ги осигураа трите бода по десетина минути игра во вториот дел, Енцо Фернандез погоди од белата точка за 2-0.
Но мечот донесе доста полемика, Фулам поведе со 0-1 на средината од првото полувреме, но голот беше поништен со помош на ВАР откако Мунуз ненамерно го нагазна Чалоба на средината од теренот.
Пеналот со кој Челси поведе со 2-0 исто така беше досуден со ВАР поради играње со рака, но нејасно е како не беше забележано и санкционирано играњето со рака на Жоао Педро пет секунди претходно.
ФОТО: X/Chelsea FC






