сабота, 21 јуни 2025

Челси го договори Делап, следна цел е звучно засилување од 100 милиони евра

„Сините“ имаат амбиција да се борат на сите фронтови следната сезона, па да покажат дека се сериозни, сакаат да донесат звучно име – главна цел им е Родриго од Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Челси почна да го крои тимот за следната сезона, прво засилување ќе биде Лиам Делап од Ипсвич.

Манчестер јунајтед, Евертон, Њукасл и Нотингем Форест беа дел од клубовите кои сакаа да го ангажираат младиот напаѓач, но „сините“ ја добија трката за потписот на Англичанецот.

Можноста за соработка со Енцо Мареска како и настапот во Лигата на шампиони ја направиле разликата, па Лиам Делап решил да му даде приоритет на проектот на Челси и да се пресели на Стемфорд Бриџ.

Челси исто така го идентификувал Родриго како звучното засилување со кое ќе покажат дека се сериозни и имаат амбиција да се борат на сите фронтови следната сезона.

Бразилецот ги исполнува сите барања на Тод Боли и неговите соработници – млад фудбалер, кој има искуство на елитно ниво и поседува огромен простор за напредок.

Во моментов само се опипува терен и интересот не е конкретен, но се очекува Челси во скоро време да тргне во офанзива.

Се шпекулира дека ќе бидат потребни околу 100 милиони евра за Реал Мадрид да прифати продажба на Родриго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ