четврток, 26 февруари 2026

Чави презема репрезентација и ќе ја води на Мундијалот?

Селекторот на Мароко, Валид Реграги, е пред заминување од клупата на националниот тим, иако официјална потврда сè уште нема.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на „Марка“, неговата разделба е веќе позната во круговите на Конфедерација на африкански фудбал, но Федерацијата чека да обезбеди замена пред да ја објави одлуката.

Главен фаворит за негов наследник е Чави Хернандез. Поранешниот тренер на Барселона е без ангажман околу година и пол, а мароканската федерација го гледа како идеално решение пред настапот на Светско првенство 2026. Сепак, преговорите би можеле да бидат комплицирани. Чави не сака да седне на клупата среде циклус, а Мундијалот е за само неколку месеци. Останува да се види дали ќе направи исклучок.

Мароко на Мундијалот ќе игра во група со Бразил, Шкотска и Хаити, со високи амбиции по историскиот успех на Светското првенство во 2022 година, каде што заврши на четвртото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ