Галатасарај сака да го ангажира Чалханоглу, но потребна им е и помошта на фудбалерот за да поминат колку што е можно поевтино при неговиот ангажман.
Според „Сабахспор“, Чалханоглу им рекол на директорите на Интер за интересот од Галата и побарал да го пуштат да замине во Турција. Тој го потенцирал фактот што како слободен играч потпиша за нив, без тие да платат обештетување.
„Дојдов во клубот како слободен играч пред четири години и го дадов најдоброто од мене. Сакам да ја продолжам кариерата во Галатасарај и барам да имате разбирање. Пуштете ме да си одам дома“, им рекол Чалханоглу на директорите на Интер.
31-годишниот фудбалер има договор со Интер до јуни 2027 година.
Според италијанските медиуми, Интер не сака евтино да се ослободи од Чалханоглу, сака добро да го наплати неговото евентуално заминување.
Чалханоглу е роден во Германија и никогаш не играл за турски клуб, но ги помина сите младински категории за турската репрезентација и стана легнда во турскиот сениорски состав.
ФОТО: X/Inter