И покрај тоа што се уште ништо не е официјално, за очекување е Реал Мадрид летоска да добие нов тренер – Карло Анчелоти ќе го напушти кормилото, а на негово место ќе пристигне Чаби Алонсо.
Низ медиумите кружат гласини за тоа како ќе изгледаат „кралевите“ под водство на Чаби Алонсо, и последните информации говорат дека стратегот како прво засилување го побарал Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.
Чаби Алонсо верува дека овој фудбалер може да одигра клучна улога во средниот ред, но Флорентино Перез има други планови.
Претседателот на Реал Мадрид смета дека тимот е добро покриен на оваа позиција со играчи како Едуардо Камавинга и Орелиан Чуамени, па нема да му ја исполни желбата и да потроши 60 милиони за ангажман на Мартин Зубименди.