понеделник, 19 мај 2025

Чаби Алонсо потврди заминување, Баер го поздрави: Професоре, ти благодариме за сè!

Чаби Алонсо соопшти дека го напушта Баер Леверкузен по крајот на сезоната, стратегот сепак одби да потврди дека ќе биде нов тренер на Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Чаби Алонсо подолго време се поврзува со тренерското столче на Реал Мадрид и утрово голем број на извори пренесоа дека двете страни си подале рака.

Стратегот одби да потврди дека ќе го наследи Карло Анчелоти на кормилото на „кралевите“ но соопшти дека заминува од Баер Леверкузен по крајот на сезоната.

„Со клубот се договоривме дека завршните два натпревари од сезоната ќе ми бидат последни како тренер на Баер Леверкузен. Ова е правиот момент за да се соопшти одлуката“ – рече Чаби Алонсо на средбата со новинарите.

Кратко по крајот на прес конференцијата, Баер Леверкузен се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Професоре. Ти си повеќе од тренер, ти си легенда. Ти благодариме за сè!“

Минатата сезона беше незаборавна за Чаби Алонсо и Баер Леверкузен, за прв пат во својата историја „фармацевтите“ се радуваа на титула во Бундеслигата без притоа да изгубат натпревар, а триумфираа и во Купот на Германија.

Малку фалеше да стигнат до тројна круна без изгубен натпревар, но беа поразени во финалето на Лига Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ