петок, 16 мај 2025

Чаби Алонсо ќе го води Реал на Светското клупско првенство, од јуни почнува со работа

Од поодамна нема дилеми дека Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, не се знаеше само од кој месец ќе почне со работа.

Објавено на

часот

Сподели

Се шпекулираше дека ќе го преземе кормилото во јули, по крајот на Светското клупско првенство, но нема да биде така.

Алонсо почнува со работа од 1 јуни и ќе тој ќе го води тимот на Светското клупско првенство, тоа ќе биде и неговиот прв голем предизвик како тренер на Реал Мадрид.

Оваа информација денеска стигна од повеќе страни, а ја потврди и Фабрицио Романо, тој додава дека Шпанецот ќе потпише договор со трајност до јуни 2028 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ