Дефанзивата беше една од болните точки на „кралевите“ изминатава сезона, главниот проблем беше тоа што одредени играчи од нападот не помагаа доволно кога ќе беше изгубен посед на топката.
Па токму ова е делот на кој Чаби Алонсо ќе работи повеќе и како што пренесува Кадена СЕР, новиот тренер на Реал Мадрид испратил јасна порака до тимот: сите ќе мора да трчаат и да го даваат максимумот во одбрана.
Оние кои нема доволно да се залагаат во дефанзивниот дел од играта, едноставно ќе бидат седнати на клуба, без разлика дали имаат статус на ѕвезда или одлична статистика.
Оваа закана главно е насочена кон офанзивците како Килијан Мбаше, Винисиус Жуниор, Родриго па и Џуд Белингем – без разлика колку голови можат да постигнат, сите мора да дадат допринос во одбраната.
ФОТО: X/Real Madrid CF