„Кралевите“ ова лето донесоа четири засилувања, ги купија Трент Александер Арнолд, Дин Хујсен, Франко Мастантуоно и Алваро Карерас.
Реал Мадрид смета дека составот за новата сезона е комплетиран, но до крајот на преодниот рок можат да пристигнат уште две нови имиња – централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред.
Ибрахима Конате од Ливерпул е пикиран за засилување на одбраната, а кога е во прашање средниот ред, Флорентино Перез верува дека нема доволно квалитетно име споредбено со сумата која ќе треба да се плати.
Како што пренесува Кадена Сер, првиот човек на Реал Мадрид е подготвен да инвестира 100 милиони евра и на Чаби Алонсо да му ја исполни желбата, но само доколку може да го купи Родри од Манчестер Сити.
Доколку Шпанецот се најде на продажба, Флорентино Перез веднаш ќе се обиде да го зграпчи и нема да штеди пари.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.