Моментално Бузалковски е на втората позиција во генералниот пласман со освојување на второ и трето место во главните трки и едно трето место во “Sprint” трката. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки и една спринт трка , Христијан е се уште во борба за титулата заостанува само 20 бода позади водечкиот во шампионатот.
Бузалковски: “Ова можеби беше еден од најдобрите тркачки викенди за мене и за мојот тим! Уште од првиот слободен тренинг бевме компетитивни , најдовме идеален сетап и знаевме во која насока движиме! Иако се уште имаме минимални проблеми сo предниот дел на моторот сепак успеавме да извозиме две одлични главни трки, една спринт трка и да го оствариме подиумот три пати! Огромна благодарност до мојот тим за целокупната работа целиот викенд , моите спонзори и поддржувачи!”







