Бугарија која беше еден од носителите во денешната ждрепка која се одржи во Бари е и домаќин на првенството заедно со Италија, Финска и Романија.
Бугарите како еден од носителите имаа право да изберат една репрезентација по нивна желба во нивната група, тие ја одбраа Македонија, па ние ќе го играме првенството во Варна.
Покрај Македонија и Бугарија, во нашата група се уште и Полска, Украина, Португалија и Израел.
Македонија четврти пат во низа учествува на Европско првенство кое овојпат ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 година.







