понеделник, 8 декември 2025

Бугарија го освои турнирот „Чајка“, Македонија заврши без победа

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби и вториот натпревар на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, овојпат загубивме од Бугарија со 0:3 (20:25, 26:28, 23:25).

Објавено на

часот

Сподели

Како и против Швајцарија, Македонија се надигруваше со противникот, беше тесно, но и овојпат загуби.

Капитенот Никола Ѓоргиев освои 15 поени, Филип Спасовски имаше 13.

За македонските репрезентативци ова беше последна проверка на силата во пресрет на евро-квалифилациските дуели со Грција (13 август) и Грузија (17 август).

Што се однесува до самиот турнир „Чајка“, го освои Бугарија која претходно славеше и над Швајцарија. Бугарите завршија со две победи, Швајцарците со една, а ние не се израдувавме ниту еднаш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ