Бруно Фернандеш и Стефан Ристовски играа заедно за Спортинг Лисабон и во тој период станаа големи пријатели, па многу често едниот за другиот споделува нешто на социјалните мрежи.
Така беше и овојпат. Ристовски се најде во центарот на вниманието поради збогувањето со Динамо Загреб, а Бруно Фернандеш му даде поддршка на Инстаграм стори.
„Заслужуваш сè најдобро, не само во фудбалот, туку и во животот. Ти си ми брат“, напиша Португалецот.
Фото: X/Manchester united