Бруно Фернандеш беше ставен на маки откако Ал Хилал тропна на неговата врата и му достави тригодишна соработка тешка 200 милиони фунти (околу 240 милиони евра).
Оваа луда сума го менува животот, но капитенот на Манчестер јунајтед покажа дека не е сè во парите и реши да ја одбие Саудиска Арабија.
„Бруно Фернандеш го одби Ал Хилал. И покрај тоа што доби луд договор од Саудиска Арабија, фудбалерот сака да продолжи да игра во Европа. Капитенот на Манчестер јунајтед сака да игра на највисоко ниво во Европа. Одлуката е донесена“ – објави добро упатениот новинар Фабрицио Романо.
Останува да се види дали Бруно Фернандеш ќе продолжи на Олд Трафорд или пак ќе направи трансфер во друг гигант од Европа.
„Ѓаволите“ не се желни за продажба на својот најдобар играч, но и тие беа ставени во искушение со понудата од Саудиска Арабија со оглед на тоа дека Ал Хилал беше подготвен да плати 100 милиони фунти (околу 120 милиони евра), колку што изнесува загубата на Манчестер јунајтед поради лошиот пласман на табелата и без настап во Лигата на шампиони.
ФОТО: X/Manchester United