недела, 8 јуни 2025
Капитенот на Манчестер јунајтед треба да одбере помеѓу врвен фудбал или пари

Бруно Фернандеш го чекаат „тешки“ денови: До четврток треба да одлучи за понуда вредна 200 милиони

Саудиска Арбија му дала рок на Бруно Фернандеш да одговори до четврток дали сака да се пресели во Ал Хилал каде може да заработи и до 200 милиони фунти за три години.

Објавено на

часот

Сподели

Капитенот на Манчестер јунајтед е пред тешка одлука, веројатно најтешката до овој момент – дали да продолжи на Олд Трафорд или да ги одбере милионите од Саудиска Арабија.

Неколку извори пренесуваат дека Португалецот добил рок од 72 часа, односно до четврток да одговори на богатиот предлог од Ал Хилал.

Се шпекулира дека на маса е  договор со неделна основна плата од 700.000 фунти, а доколку се земат во предвид сите бонуси кои се ветени, тригодишната соработка тежи фантастични 200 милиони фунти.

Останува да се види што ќе реши Бруно Фернандеш, кој неодамна изјави дека е подготвен да замине доколку Манчестер јунајтед одлучи да заработи од негова продажба.

Ал Хилал е подготвен на „граѓаните“ да им плати околу 100 милиони фунти, сума со која ќе биде остварена прилично голема капитална добивка.

ФОТО: X/Manchester United

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ