Арне Слот го доби второто засилување за новата сезона, на Енфилд пристигнува Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Ливерпул ја доби битката со Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Сити но за да го стори ова, мораше да плати рекордна сума.
Се верува дека зделката е вредна 100 милиони фунти, плус додатни 16 милиони фунти во бонуси.
Со вакви бројки, Флоријан Вирц ќе стане рекордно засилување за „црвените“, а може да биде и рекорден за британскиот фудбал и да го надмине оној на Моисес Каиседо во Челси вреден 115 милиони фунти.
Германецот ќе стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2030 година и ќе има неделна плата од околу 200.000 фунти.
„Многу сум среќен и горд, конечно се реализираше трансферот. Со нетрпение чекам да ја почнам оваа нова авантура. Сакав нешто комплетно ново, да ја напуштам Бундеслигата и да се преселам во Премиерлигата“ – вели Флоријан Вирц.
„Ќе видиме како ќе се покажам тука, се надевам во најдобро светло. Разговарав со многу фудбалери кои играле тука и ми кажаа дека ова е перфектно место за мене, дека сите терени се одлични. Па едвај чекам да го одиграм првиот натпревар“.
ФОТО: fb/Liverpool FC