сабота, 3 мај 2025

Бројките велат: Најлошиот тренер во Премиер лигата е Хрват

Хрватскиот стратег, Иван Јуриќ во Саутемптон пристигна да го спаси тимот од испаѓање, но замина еден ден откако овој тим и математички се пресели во понизок ранг и тоа на седум кола до крајот на првенството.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш откако Саутемптон и теоретски испадна од Премиер лигата, Јуриќ ја активираше клаузулата според која може да си замине како тимот се пресели во понизок ранг.

Јуриќ 108 дена беше тренер на Саутемптон, го водеше тимот на 14 натпревари во кои освои само четири бода што е просек од 0,29 бода по натпревар.

Статистиката вели дека ниту еден друг тренер кој го водел тимот на најмалку десет кола во Премиер лигата, немал полош просек.

Претходниот неславен рекорд го држеше Тери Конор, екс менаџерот на Вулвс кој во сезоната 2011/12 имаше просек од 0,31 бодови по натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ