Ал Араби го одбрани трофејот од Купот на Катар откако во финалето со убедливи 36-26 го прегази Ал Духаил и ја потврди доминацијата во Катар.
Минатата сезона Данило Брестовац со Ал Араби освои три трофеи, а ако по утрото се познава денот, тогаш и оваа ќе му биде трофејна.







