Струмичани дури имаа и повеќе шанси од гостинот кој важеше за огромен фаворит. Избраниците на Бледи Шкемби одиграа блед натпревар и се закануваа помалку, но поконкретно преку Стефан Јефтовски и Христијан Малески.
На спротивната страна се обидуваа Луковски, Антовски, Величковски и Петровиќ во првиот дел, а потоа во продолжението Величковски и Петровиќ имаа двојна шанса. До крајот мрежите останаа недопрени.
Фудбалерите на Башкими на рутина го победија Шкупи (0-2) во натпревар кој го играа на свој терен, но како гостин. Кумановчани со головите на Никел Ор и Рибеиро во второто полувреме го скршија отпорот на аутсајдерот и најслаб тим во лигата.
Струга е третопласирана, ама не го искористи ова коло во кое водечките играат меѓу себе. Башкими со победата е петтопласиран со 29 бода, Брера е шеста со 27, додека Шкупи уште е на дното со само еден.






