Брегалница го осуди инцидентот и побара најстрога казна за виновниците.
„Нема место за насилство во спортот. Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи. Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст. На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционриаат виновниците“, соопшти Брегалница.






