вторник, 1 април 2025

Бразилско засилување за Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен гигант Пелистер го договорил бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт, кој потпиша соработка на две години и ќе му се приклучи на тимот од Битола на почетокот на следната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Десното крило на Бразил има големо ракометно искуство, а исто така постигна и големи успеси со неговата татковина.

31-годишниот ракометар е двоен шампион на Јужна Америка, освои медал на Панамериканските игри и запиша над 300 голови за „кариоките“.

Хекберт во кариерата играше и за тимови како Ла Риоха, Хуеска и Куенка, од каде што доаѓа во Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ