недела, 7 декември 2025

Бразил заигра „жого бонито“ под водство на Анчелоти, настрада Јужна Кореја (ВИДЕО)

Бразил конечно одигра на високо ниво откако Карло Анчелоти седна на клупата, попладнево „кариоките“ со убедливи 0-5 славеа против Јужна Кореја.

Објавено на

часот

Сподели

Квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка завршија, па Бразил во следниот период ќе ја тестира формата.

Првата контролка беше денеска против Јужна Кореја, и „кариоките“ за прв пат под водство на Карло Анчелоти заиграа „жого бонито“ – стигнаа до убедлива победа од 0-5.

Естевао го отвори резултатот во 13. минута по одлично додавање од Бруно Гимараеш, а пред крајот на првото полувреме, по една убава акција, Родриго зголеми на 0-2.

Во второто полувреме истите играчи повторно стапија на сцена, Естевао зголеми на 0-3, а по една контра, Родриго реализираше за 0-4.

Точка на натпреварот стави Винисиус Жуниор, кој доби топка во фор, си поигра со дефанзивецот кој трчаше по него и реализираше за конечни 0-5.

ФОТО: cbf.com.br

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ