понеделник, 19 мај 2025

Бразил моќно го најави Анчелоти: Најдобриот тренер ја презема најдобрата селекција – целта е да го покориме светот

Фудбалската федерација на Бразил попладнево го потврди ангажманот на Карло Анчелоти и испрати моќна порака, целта им е да го покорат светот и повторно да бидат број 1 репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

По најавите на медиумите дека Карло Анчелоти на 26. мај ќе го преземе кормилото на Бразил, веднаш пристигна потврда и од „кариоките“.

Фудбалската федерација на Бразил потврди дека искусниот стратег ќе биде именуван за нов селектор, а првиот човек испрати моќна порака.

„Тоа што го ангажиравме Карло Анчелоти за нов селектор не е обична стратегиска одлука, ова е порака до сите за нашата решност да го покориме светот и повторно да бидеме број 1 репрезентација. Тој е најголемиот тренер во историјата, а сега е селектор на најдобрата репрезентација на планетата. Заедно ќе испишеме нови славни страници во историјата на бразилскиот фудбал“ – порача претседателот на ФФБ, Едналдо Родригеш.

Се најавува дека Карло Анчелоти ќе потпише договор со Бразил до крајот на мундијалот во 2026, со опција соработката да биде продолжена до Светското првенство во 2030 година.

Своето деби на клупата на „кариоките“ ќе треба да го има против Еквадор и Парагвај во квалификациите за СП 2026.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ