Во борбата за опстанок во елитата на „романтичарите“ ќе им помогне Фабрис Ондоа. Станува збор за 30-годишен голман кој доаѓа од редовите на РФС Рига, а зад себе има завидно искуство.
Ондоа ги мина сите категории на Ла Масиа во Барселона, а потоа бранеше за Химнастик и Алавес во Шпанија, белгискиот Остенде, Истра од Хрватска и Ним од Франција.
Во својата кариера Ондоа има и преку 50 настапи за репрезентацијата на Камерун.
Инаку, интересно е дека Ондоа е братучед на Андре Онана, поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Интер и Ајакс кој моментално е позајмен во Трабзонспор.






