петок, 13 март 2026

Бранителот на титулата и тројца дебитанти на Ф4 во Купот на ОФМ 2026 жени

Годинешната завршница од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во женска конкуренција ќе ја сочинуваат бранителот на титулата Наковски Волеј и тројца дебитанти – Вардар ЕМ, Младост УГД и Газели Волеј.

Објавено на

часот

Сподели

Новајлијата и во прволигашкото друштво Газели Волеј беше последниот тим кој го потврди своето место на финалниот турнир од Купот, откако во последниот четвртфинален дуел пред својата публика во Скопје со 3:0 (25:16, 25:20, 25:13) го елиминираше Пелистер Волеј.

Очекувањата беа дека ривалите ќе понудат неизвесен дуел, но „газелите“ покажаа голема решителност, дисциплинирано го одиграа комплетниот натпревар, за разлика од бледото издание на гостинките од Битола, кои беа далеку од нивниот реален квалитет.

Со убедливата победа Газели Волеј им се приклучија на Наковски Волеј, како и Вардар ЕМ и Младост УГД, кои испишаа клупска историја, и уште минатата недела го потврдија своето место во полуфиналето.

Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи следната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ