петок, 11 јули 2025

Бове се опорави од срцевиот удар, подготвен е да му се врати на фудбалот, но не може во Италија

Италијанскиот фудбалер од средниот ред, Едоардо Бове сака да му се врати на професионалниот фудбал по срцевиот удар кој го доживеа минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

Бове е играч на Рома кој беше на позајмица во Фиорентина кога на среде терен доживеа срцев удар. Инцидентот се случи на 1 декември 2024 година.

23-годишниот фудбалер е целосно опоравен, успешно ги поминал сите неопходни медицинските тестови и сака да ја продолжи професионалната кариера.

Но, тоа нема да биде во Серија А бидејќи во Италија не е дозволено да се игра со дефибрилатор кој Бове мора да го носи.

Иста беше ситуацијата и со Ериксен кој мораше да го напушти Интер по срцевиот удар кој го доби на Европското првенство.

Засега нема гласини која би била можната дестинација за Бове.

Фото: X/Fiorentina

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ