Инцидентот се случи кога Ѓуровски држеше емотивен говор за да му оддаде почит на поранешниот фудбалер на Црвена звезда и негов пријател.
Наеднаш Ѓуровски се сруши и падна, присутните веднаш реагирале, тој набрзо се освестил и се вратил во нормала, пишуваат српските медиуми.
„Спортисимо“ објави видео од кое се гледа како му се слоши на Ѓуровски и падот. За среќа, сега се во во најдобар ред, тој ќе отиде на дополнителни испитувања, но немало некаков удар што посериозно би го нарушило неговото здравје.






