Башкими со скандалозен гол во 94. минута дојде до победа. Домашните фудбалери на чело со голманот не се мрднаа и дозволија гостите да дојдат до трите бода.
Овој скандал брзо ја разбранува целата јавност, а со изјава преку социјалните мрежи се јави и министерот Борко Ристовски.
„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на фудбалските клубови Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт“, изјави министерот Ристовски.