Првиот натпревар од овој двомеч во Норвешка му припадна на домаќинот кој по Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, го победи и италијанскиот лидер. Бодо поведе рано преку Фет, но до паузата Пио Еспозито донесе израмнување. Во продолжението на сцена стапија Јенс Петер Хауге и Каспер Хог кои донесоа победа за Бодо пред реваншот во Милано.
Клуб Бриж извлече реми против Атлетико Мадрид (3-3) во најефикасниот меч вечерва. Иако гостинот во Белгија поведе со два гола преку Хулиан Алварез и Адемола Лукман, домашните се вратија преку Оњедика и Тресолди. Повторно Шпанците поведоа со автоголот на Ордоњез, но Цолис се погрижи за реми по првите 90 минути во двомечот.
Гостинска победа забележа единствено Баер Леверкузен кој го совлада Олимпијакос со 0-2, а претходно Њукасл го декласира Карабах со 1-6.






