среда, 25 февруари 2026

Бодо Глимт направи подвиг каков што не немало преку 50 години

Бодо/Глимт го победи Интер и вторпат (1-2) и со вкупни 5-2 го елиминира од плеј-оф рундата во Лигата на шампионите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Норвешкиот клуб во 2026 година е неверојатен, има четири победи во исто толку официјални натпревари. За ситуацијата да биде уште подобра, Бодо двапати го победи Интер, а претходно славеше и против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.

Самото тоа е импресивно, особено за мал клуб од Норвешка. Сепак, тоа беше и подвиг каков што не е виден преку пет децении, поточно од 1972 година.

Бодо успеа да нареди четири победи против екипи од „топ пет“ лигите на Европа. Таков подвиг на клуб кој е надвор од најсилните лиги му успеал последно на Ајакс, во времето на доминацијата во сезоната 1971/72.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ