Од клубот соопштија дека се разделуваат со Николов на кого му истече договорот. Двете страни не се договорија за продолжување на соработката.
Николов се приклучи на Борац со договор до крајот на сезонава, а по неговото истекување одлучи да ја продолжи кариерата на нова дестинација. Во изминатата сезона запиша вкупно 41 настап во сите натпреварувања, при што подели три асистенции.
Искусниот играч од средниот ред зад себе има богата интернационална кариера – настапуваше за италијански Лече, молдавски Шериф, унгарска Кишварда, македонски Вардар и други клубови. Сега следува ново фудбалско поглавје за 30-годишниот Николов, кој останува слободен агент.