среда, 16 април 2025

Бизарна ситуација: Милан прекрши правило на Серија А, никој не примети

Во вчерашната победа над Удинезе, Милан прекрши едно правило на Серија А, но ќе помине без казна бидејќи ситуацијата е бизерна.

Објавено на

часот

Сподели

Милан со убедливи 4-0 го победи Удинезе на негов терен, но победата ја одбележа и тешката повреда на голманот Мајк Мењан кој веднаш беше префрлен во болница по сударот со неговиот соиграч Алекс Хименез.

Мењан беше капитен на Милан, а со лентата на себе беше и изнесен на теренот.

Откако тој излезе, луѓето од Милан заборавија дека на теренот немаат играч со капитенска лента, што е спротивно на правилата.

Втор капитен е Тео Ернандез, но не му беше ставена лента. Тој даде и гол, па веројатно стана првиот капитен на теренот кој дал погодок без да носи капитенска лента.

Тоа што росонерите играат без фудбалер со капитенска лента ќе помине неказнето, бидејќи е јасно дека немаше никаква намера за прекршување на правилото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ