среда, 1 април 2026

БиХ се пласираше на Светско, но не беше сѐ идеално

Легендата на Босна и Херцеговина, Един Џеко се повреди во финишот од вчерашниот натпревар против Италија, тоа беше црна дамка во големаа, огромна победа на Босанците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Џеко по вторпат во кариерата се пласира на Светско првенство, но овојпат е неизвесно дали ќе го игра.

Медиумите од Босна и Херцеговина пишуваат дека Џеко има повреда на клучната коска која мора да биде санирана со операција.

Во наредните денови ќе има подетални инфомации за повредата и колку време ќе му биде потребно да ја санира.

Босанците засега се во неизвесност, клупската сезона за Џеко е сигурно завршена, а ќе биде во трка со времето за настап на Светското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ