Македонија не успеа да се пласира на Светското првенство, ние го загубивме баражот од Данска, додека Босанците направија огромен успех откако ги минаа Велс и Италија и се пласираа на Мундијалот.
Фудбалските федерации на Македонија и БиХ постигнале договор за одигрување на пријателски меч кој ќе се игра во Сараево.
Уште нема одредено прецизен датум, а се споменуваат термините 31 мај и 1 јуни.
Светското првенство почнува на 11 јуни, а Босанците првиот меч го имаат ден подоцна со домаќинот Канада.






