Италија беше уверена дека овојпат ќе оди на Светско, но веќе третпат по ред губи во баражот, овојпат од Босна и Херцеговина.
Италијанците поведоа во 15. минута со гол на Бастони, мечот почна по нивен терк, но не се одвиваше така во продолжението.
Во финишот од првиот дел Бастони заработи црвен картон, Италија остана со фудбалер помалку.
Тоа го искористи БиХ и со гол на Табаковиќ во 79. минута израмни на 1-1. Тоа беше резултат по 90 минути.
Немаше нови голови во продолженијата, па пеналите решаваа за победникот. А во пенал серијата Босанците беа максимално прецизни за разлика од Италијанците кои погодија само еднаш. Трагичари беа Еспозито и Кристанте кои промашија.
Данска која ја елиминираше Македонија загуби на пенали од Чешка во Прага. Резултатот во регуларниот тек беше 2-2.
Турција со 1-0 победи на гостувањето кај Косово во Приштина, Шведска со 3-2 ја совлада Полска.






