Романија ги шокира домаќините во 17. минута и поведе со 1-0, но Џеко на почетокот на вториот дел ја врати БиХ во живот, додека Бајрактаревиќ во 80. минута стрелаше за целосен пресврт (2-1), а победата ја потврди Табаковиќ во четвртата минута од судиското надополнување.
Австрија претходно го совлада Кипар со 2-0 и има два бодови повеќе од БиХ, па во последното коло на домашен терен ќе ги пречека Џеко и другарите во обид да го потврди првото место.
осово непријатно ја изненади Словенија и триумфира со головите на Аслани во шестата и Карничник во 64. минута од натпреварот, додека Швајцарија со 4-1 ја декласира Шведска.
Швајцарија во последното коло му гостува на Косово, но има гол-разлика од +12, што значи дека Косово за да го преземе првото место ќе мора да победи со седум голови разлика, што е нереално.
Фото: ЕПА






