петок, 6 јуни 2025

Без возбудувања во Монако, Норис прв ја мина целта

Ландо Норис триумфираше на трката за Големата награда на Монако и запиша уште една победа во формула 1 оваа сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Норис помина прв низ целта, по што следеше Шарл Леклер од Ферари, додека третата позиција му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен. Актуелниот шампион Макс Ферстапен чекаше до последниот круг да се случи нешто на патеката, односно да има безбедносно возило или „црвено знаменце“, но не дочека и мораше да влезе во пит-бокс во последниот круг за да го исполни правилото за две запирања на трката.

Ферстапен заврши на четвртата позиција на крајот, а потоа следеа Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Естебан Окон, Лиам Лосон, Алекс Албон и Карлос Саинц во топ-10.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ