понеделник, 14 јули 2025

Бесплатно летување за најуспешните спортисти во училишниот спорт во општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави бесплатно летување како награда за оние кои беа најдобри во училишните лиги.

Објавено на

часот

Сподели

Општината Кисела Вода им дава поддршка и ги мотивира младите кои се занимаваат со спорт и активно се вклучени во училишните лиги.

„И оваа година, продолжуваме со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот. Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот Центар во Охрид.

Се работи за прваците за учебна 2024/2025 во:
ракомет – жени ООУ ,,Кузман Шапкарев”; ракомет – мажи ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”; кошарка ООУ ,,Кузман Ј. Питу”; одбојка ООУ ,,Партенија Зографски”, фудбал ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”.

Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата. Ова е дел од нашата стратегија за поддршка на младите и како општина ќе продолжиме со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ