понеделник, 2 март 2026

Берокал: Тргнавме лошо, но се подобривме и победивме

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа над Азербејџан од 78-70 се враќа од Баку, но триумфот воопшто не беше лесен.

Фото: КФМ

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Жосеп Марија Берокал ги сподели импресиите од натпреварот.

„Се подготвував за натпреварот и си мислев дали ќе биде лесно затоа што во претходниот меч Македонија победи со 30 поени разлика. Не очекував ваков тим со Македонија, тие се натпреваруваат и борат, а ние се обидовме да најдеме играчи кои се подготвени, иако не беше лесно. Во втората четвртина тргнавме со измени, почнавме да ги поправаме работите и да постигнуваме поени. Верувавме дека можеме да играме и победиме. Во второто полувреме ротиравме со помалку кошаркари. Среќни сме, покажавме карактер и победа си е победа. Имаме уште многу работа, досега сме заедно осум денови, од кои само четири дена трениравме, одиме чекор по чекор“, кажа Берокал.

Следните натпревари на Македонија се во јули кога играме против Луксембург и Ирска, тоа се последните дуели од претквалификациската фаза во која засега имаме четири победи од исто толку мечеви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ