понеделник, 23 февруари 2026

Берокал промовиран во нов селектор на кошаркарите: Чест ми е да ја водам Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија денес на прес-конференција и официјално го промовира Жозеп Марија Берокал за нов селектор на машката сениорска репрезентација.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Новиот предводник на А-тимот се обрати пред медиумите и ги сподели своите први импресии, но и очекувањата за иднината.

Среќен сум што сум тука, чест и привилегија да бидам селектор на Македонија. Знам дека периодот е краток за да се подготвиме за овој прозорец на ФИБА, во овие два тренинзи што ги имав со репрезентацијата видов желба за напредок. Сакам да го унапредуваме тимот, но важни се и идните генерации кои ни доаѓаат. Знам за националниот тим преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години во клупската кошарка. Секогаш бевме во контакт. Некои од играчите веќе ги познавам што ги имаме. Му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија. Знам дека нема да биде лесно, ни следи долг процес. Не поставувам граници, но нашата цел е да го достигнеме максимумот со играчите. Не знам какво ќе биде тоа ниво се уште, има време, но ќе се натпреваруваме со себе, да го дадеме најдоброто и со таков менталитет ќе се обидеме да извадиме подобро.

Тука сум еден ден, сега тренираме со тимот 15 играчи, во среда ќе бидат 12. Од првичниот список, скративме на 15 кои се обидуваме да ги најдеме најдобрите играчи. Можеби во летниот прозорец ќе имаме шанса да тренираме неколку недели да го видиме потенцијалот на младите играчи кои доаѓаат. Никогаш не сум бил тренер на национален тим, но националните тимови го имаш тоа што го имаш и понекогаш е подобро да се подобри тимот со странец. За овој прозорец најдобар играч беше Итан Хап, а ќе видиме што ќе биде во иднината со Ненад Димитријевиќ. Сега ќе се фокусирам на тоа што го имаме. Времето е доста кратко, ќе видиме во летниот период што ни недостига. Според мене, можеби треба да се најде играч што не игра во Евролигата, а е квалитетен да игра“, изјави Шпанецот.

Во својата кариера Берокал работеше и стручните штабови во клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби Тел Авив, Баерн Минхен…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ