петок, 27 февруари 2026

Берокал: Победата е важна, заедно сме само четири дена

Шпанскиот стратег, Хосеп Марија Берокал денеска дебитираше на селекторското столче на македонската кошаркарска репрезентација, го победивме Луксембург со 79-70 во меч од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Објавено на

часот

Сподели

Импресиите на Барокал од она што го виде на првиот меч се позитивни, но вели дека има уште многу простор за работа и за подобрување.

„Победата е важна за почетокот на овој проект. Не смееме да заборавиме дека сме заедно само четири дена што не е лесно и за мене како тренер и за тимот. Имаше добри работи, како трчањето и одбраната, но имавме и падови во играта што не смеат да ни се повторат. Им честитам на играчите поради тоа што немавме доволно време да се вклопиме. Сакам да играме добра одбрана, не е лесно да се игра 40 минути на тоа ниво, но тоа е нашата цел. Задоволен сум од пристапот на играчите бидејќи главно го исполнија она што го побарав од нив. Треба само да го зголемиме бројот на добри минути во играта, да ја движиме подобро топката и да играме како тим, а не индивидуално“, рече новиот селектор на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ