среда, 25 март 2026

„Бернабеу“ среде фудбалска сезона ќе се користи и за тенис

„Бернабеу“ наскоро ќе добие поинаква улога, откако челниците на Реал Мадрид дозволија стадионот привремено да се претвори во тениски тренинг-центар.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот кога „кралевите“ ќе играат неколку гостувања по ред, арената нема да стои празна, туку ќе биде поставена земјена подлога за тренинг на тенисерите на Мастерс Мадрид. Сепак, натпреварите нема да се играат на Бернабеу, туку како и досега ќе се одржуваат во „Каса Махика“.

Новите терени на стадионот ќе служат исклучиво за тренинг, со подобри и помирни услови за играчите, особено во споредба со комплексот кој традиционално е преоптоварен за време на турнирот.

Со овој потег, Реал уште еднаш ја потврдува трансформацијата на Бернабеу во мултифункционален објект, способен да угости различни големи настани, а не само фудбал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ