среда, 10 декември 2025

Беќири: Играме против тим кој лани играше во Лигата на шампионите

Шкендија утре со почеток од 18:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека тимот на Слован Братислава во меч од петтото коло во Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Слован има освоено бод помалку од Шкендија, тренерот на тетовци Јетон Беќири знае дека против себе ќе имаат силен тим.

„Ќе играме против исклучително квалитетен тим кој минатата година играше во групната фаза од Лигата на шампионите, но секогаш кога играме дома, иамме позитивни настапи. Се надевам дека ќе се претставиме на најдобар начин, ги имаме сите предуслови за да обезбедиме резултат со кој и во последното коло ќе останеме во игра за место помеѓу првите 24 екипи на табелата“.

Тој смета дека Шкендија во претходните натпревари заслужила да освои повеќе бодови.

„Играме историска сезона за нас и во изминатите четири натпревари, кога се бодовите во прашање, екипата доби помалку од она што заслужи, посебно на последните две средби. Но, фудбалот е таков, во одедени моменти имате среќа, а некогаш противникот ве казнува. Најважно е што уште сме во игра за пласман во следната фаза, ќе направиме се што можеме за да освоивме подобри резултати во овие два натпревари“, изјави Беќири.

На прес-конференцијата беше и капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

„Нормално е дека сите сме среќни што оваа година испишавме историја, но не треба да застанеме тука, ќе го дадеме максимумот за утре да победиме и зошто да не одиме понатаму“, рече Ибраими.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ