недела, 22 март 2026

Бецеки победи во Бразил, Маркез остана без подиум

Марко Бецеки е победникот на трката за Големата награда на Бразил која беше втора сезонава во Мото ГП.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанецот со овој триумф стигна до својата втора победа на патеката „Аиртон сена“ и со тоа им се придружи на Валентино Роси, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.

До победата дојде со само три секунди предност пред тимскиот колега, Хорхе Мартин. За шпанскиот мотоциклист ова беше прв подиум по преселувањето во Априлија, меѓутоа и прв по 500 дена.

Последното место на подиумот му припадна на Фабио ди Џанантонио кој заврши пред Марк Маркез.

Бецеки сега е прв во генералниот пласман со 56 бода, зад него следи Мартин со 45, додека Акоста е на 42.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ